• A-
  • A
  • A+
понеделник, 18 јуни 2018, 

Трамп: Во Москва „умираат“ од смеење

Трамп: Во Москва „умираат“ од смеење

Вашингтон, 18 февруари 2018 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Русија успеала, повеќе од сите луди очекувања, да посее неслога и неред во САД.

„Америко, разбуди се! Во Москва умираат од смеење“, порача денеска Трамп преку Твитер.

Во денешните пораки на Твитер, Трамп главно зборуваше за истрагата која се води за наводна руска вмешаност во претседателските избори во САД, но не го спомна неодамнешниот оружен напад, во кој во средно училиште на Флорида беа убиени 17 лица, главно ученици.

Преќивеаните ученици од нападот денеска соопштија дека за 24 март организираат голем протест во Вашингтон, од кој ќе побараат построга контрола при издавањето дозволи за оружје.

Трамп и во вчерашните пораки, оружениот напад на Флорида го поврза со истрагата на ФБИ за руска вмешаност во изборите 2016 година.

Тој го обвини Федералното истражно биро дека троши премногу време и енергија на истрагата за Русија и оти поради тоа ја пропуштиле шансата да го спречат нападот на Флорида. ссм/18:57

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Португалец стигна со велосипед на Мундијалот во Русија

Португалецот Елдер Батиста помина 4.640 километри ...

Бебе родено во париското метро доби 25 години бесплатно возење

Компанијата за градски превоз во Париз соопшти дек...

Сахара ќе биде покриена со зеленило по неколку милениуми

По 15.000 години се очекува Сахара да позелени, ка...

Принцот Чарлс има необичен прекар за Меган Маркл

Принцот Чарлс и неговата снаа Меган Маркл се доста...

По речиси 30 години прикажување, продуцентот открива зошто Симпсонови се жолти

Еден од продуцентите на познатата цртана серија „С...