• A-
  • A
  • A+
понеделник, 18 јуни 2018, 

Илјадници демонстранти бараат оставка од украинскиот претседател

Илјадници демонстранти бараат оставка од украинскиот претседател

Киев, 18 февруари 2018 (МИА) - Неколку илјади приврзаници на поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили излегоа денеска на улиците на Киев, со барање Петро Порошенко да се повлече од функцијата претседател на Украина, јави ДПА.

Околу 2.500 луѓе учествуваа во демонстрациите, обезбедувани од 3.000 полицајци.

Уште стотици демонстранти се собраа во други градови, главно во западниот и централниот дел на земјата по повикот на Саакашвили, кој во понеделникот беше протеран од Украина.

Своевремено двајцата беа сојузници и Порошенко му помогна на Саакашвили да стане гувернер на Одеската област во 2015 година, но една година и половина подоцна Саакашвили ја напушти функцијата и го обвини претседателот за корупција. ссм/17:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Португалец стигна со велосипед на Мундијалот во Русија

Португалецот Елдер Батиста помина 4.640 километри ...

Бебе родено во париското метро доби 25 години бесплатно возење

Компанијата за градски превоз во Париз соопшти дек...

Сахара ќе биде покриена со зеленило по неколку милениуми

По 15.000 години се очекува Сахара да позелени, ка...

Принцот Чарлс има необичен прекар за Меган Маркл

Принцот Чарлс и неговата снаа Меган Маркл се доста...

По речиси 30 години прикажување, продуцентот открива зошто Симпсонови се жолти

Еден од продуцентите на познатата цртана серија „С...