• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Сирија: Турската војска воспостави база за продолжување на операциите

Сирија: Турската војска воспостави база за продолжување на операциите

Анкара, 22 јануари 2018 (МИА) - Турските вооружени сили заземаа 11 позиции на сириските Курди во провинцијата Африн и воспоставија база за продолжување на операцијата „Маслиново гранче“, јавија турските медиуми.

Турската војска, заедно со припадниците на опозициската „Слободна војска на Сирија“, вчера, првиот ден од копнената операција во Африн, зазедоа вкупно 11 села и навлегоа во провинцијата Африн од нејзината северна, северозападна и западна страна.

Навлегувањето на турската војска во Африн следеше откако Турција започна воздушни напади во тој регион, гаѓајќи сили на курдските „Сили за заштита на народот“, кои имаат поддршка од САД. паг/гт/10:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.