• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 април 2018, 

Русија и Турција сметаат дека одлуката на САД за Ерусалим го дестабилизира Блискиот Исток

Русија и Турција сметаат дека одлуката на САД за Ерусалим го дестабилизира Блискиот Исток

Анкара, 11 декември 2017 (МИА) - Русија и Турција сметаат дека одлуката на САД да го признаат Ерусалим за главен град на Израел го дестабилизира Блискиот Исток, изјави рускиот претседател Владимир Путин по денешната средба во Анкара со шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган.

Путин предупреди дека одлуката на американската Администрација нема да помогне за решавање на ситуацијата на Блискиот Исток, туку токму спротивното - ќе ја дестабилизира и без тоа сложената ситуација во регионот.

Рускиот и турскиот претседател, денеска во Анкара, меѓу другото, разговарале и за начините за решавање на конфликтот во Сирија. јт/сп/21:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.