• A-
  • A
  • A+
вторник, 22 мај 2018, 

НАСА лансира сателит за подобра комуникација со асторнаутите

НАСА лансира сателит за подобра комуникација со асторнаутите

Мајами, 18 август 2017 (МИА) - Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) соопшти дека денеска лансирала нов сателит во земјината орбита, чија задача ќе биде да ја подобри комуникацијата меѓу астронаутите во Меѓународната вселенска станици и Земјата.

Сателитот, произведен од компанијата „Боинг“, е лансиран од космодромот „Кејп Канаверал“ во америкнската сојузна држава Флорида.

- Сателитот ќе им овозможи на научниците, инженерите и на контролорите да имаат пристап до податоците од мисиите на Меѓународната вселенска станици и на телескопот Хабл, се наведува во соопштението на НАСА. 

Се очекува сателитот, чија вредност изнесува 408 милиони евра, да биде клучен за комуникацијата со Меѓународната вселенска станица до средината на 20-те години на овој век. сп/17:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на „Нетфликс“

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и нег...

На „Ибеј“ се продаваат подароци од кралската свадба

Десет торбички со подароци кои се делеле на венчав...

Вечниот ерген Хју Грант се жени на 57 години

Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечни...

Џенет Џексон ја поздрави кампањата #MeToo

На говорот по повод добивањето на Наградата за муз...

Британија не му издава виза на Роман Абрамович

Сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, р...