• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 април 2018, 

Гутереш се приклучи кон преговарите за обединување на Кипар

Гутереш се приклучи кон преговарите за обединување на Кипар

Женева, 30 јуни 2017 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш се приклучува на разговорите на високо ниво за повторно обединување на етнички поделената островска држава Кипар, со надеж дека може да помогне во надминување на разликите.

Преговорите што почнаа пред два дена во швајцарското одморалиште Кран Монтана, досега не донесоа реален напредок по клучното прашање за безбедноста на евентуалниот иден федерален Кипар.

Гутереш ќе разговара со кипарскиот претседател Никос Анастасијадис и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи, како и со високи претставници и дипломати од т.н. земји гаранти - Грција, Турција и Велика Британија, за начините за надминување на разликите. си/сп/14:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.