• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Шојбле оценува дека обвинувањата против Германија се небулозни

Шојбле оценува дека обвинувањата против Германија се небулозни

Берлин, 21 април 2017 (МИА) - Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле остро одовори на обвинувањата на дел од британскиот печат, според кои Германија е деструктивна економија со нечесни намери којашто ја поткопува стабилноста на Европската Унија.

Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, во интервју за телевизијата Си-Ен-Би-Си запрашан за медиумските обвинувања дека неговата земја работи само за својот профит и ги игнорира интересите на своите партнери, германскиот министер одговорил со невообичаено приземен вокабулар.

- Има автори, дури и во Велика Британија кои што, со цела почит, пишуваат гомненици, изјавил Шојбле, пренесуваат германските медиуми.

Шојбле смета дека обвинувањата против Германија според кои таа е најголема закана за глобалната економија се неточни и неприфатливи за него.

Претходно, Шојбле ги отфрли и обвинувањата од Вашингтон од каде Германија беше обвинета дека ги злоупотребува трговските односи во ЕУ за исполнување на своите интереси, а новата админситрација се закани дека ќе воведе нови царини за германските производи кои преку Мексико и трети земји доаѓаат на американскиот пазар. гм/ссм/14:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...

Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет

Научниците со помош на современа технологија и мет...

Кејт Аптон во нова кампања за костими за капење

Кејт Аптон е ангажирана во новата рекламна кампања...