• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Локализиран пожарот кај „Здравко Цветковски“, нема повредени

Локализиран пожарот кај „Здравко Цветковски“, нема повредени

Скопје, 21 април 2017 (МИА) - Пожарот во бараките кај СУГС „Здравко Цветковски“ на булеварот „Партизански одреди“ е ставен под контрола и нема повредени лица.

Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томески за МИА изјави дека пожарот е локализиран и оти не постои опасност да се прошири. Интервенирано е со 30 пожарникари, а во гаснењето на пожарот помогнале и екипи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

- Спречено е ширење на пожарот на останатите бараки. Нема повредени лица и пожарникари, истакна Томески. 

Со пожарот беа зафатени три бараки кои се наоѓаат во близина на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош. бак/скс/13:32

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...

Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет

Научниците со помош на современа технологија и мет...

Кејт Аптон во нова кампања за костими за капење

Кејт Аптон е ангажирана во новата рекламна кампања...