• A-
  • A
  • A+
недела, 22 април 2018, 

Пожар во бараките кај СУГС „Здравко Цветковски“ (ДПЛ)

Пожар во бараките кај СУГС „Здравко Цветковски“ (ДПЛ)

Скопје, 21 април 2017 (МИА) - Пожар избувна во бараките кај СУГС „Здравко Цветковски“ на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош.

Според првичните информации пожарот има зафатено три напуштени бараки кои се наоѓаат спроти бензиската пумпа на „Макпетрол“. 

На терен интервенираат повеќе екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје кои се обидуваат да го стават пожарот под контрола, но силниот ветер ја отежнува работата. 

На терен се излезени и полициски екипи, а пајак возилата ги собираат паркираните возила во близина на пожарот.

Засега нема информации за причината за пожарот и колкава материјална штета е причинета. бак/скс/13:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Роднини на уметницата Кало ја спречија продажбата на куклата „Фрида Барби“

Роднини на познатата мексиканска уметница Фрида Ка...

Редици во Лондон да се купи крофна-бургер

Крофна-бургерот го привлече вниманието на лондонча...

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...