• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 април 2018, 

Белгија и доставила на Франција налог за апсење на маж

Белгија и доставила на Франција налог за апсење на маж

 Париз, 21 април 2017 (МИА) - Белгија вчера и доставила на Франција налог за апсење на маж, соопшти портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи, без да потврди дали тоа има врска со вчерашниот напад на париската авенија Шанзелизе. 

Подоцна беше соопштено дека мажот доброволно се јавил во полициска станица во северниот белгиски град Антверпен. 

Групацијата Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашниот напад на Шанзелизе, во кој беше убиен еден полицаец, а двајца беа ранети и го претстави напаѓачот како Абу Јусеф Белгиецот.

Според извори запознати со истрагата застреланиот напаѓач е 39-годишен Французин. ац/сп/11:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Поранешни осуденици ги заменија фантомките со пекарски капчиња

Група поранешни осуденици од српскиот град Крагује...

Претседателот на Уганда сака да го забрани оралниот секс

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени изјави де...

Ресторан кој и оние без пари не ги остава гладни

Доколку сте гладни, а немате пари, тука секогаш мо...

Прва кино проекција во Саудиска Арабија по 35 години

Во Саудиска Арабија, првпат по 35 години, граѓанит...

Пронајдена подморницата со која, наводно, Хитлер побегнал во Јужна Америка (видео)

Германската подморница со која, според теоретичари...