Кина спојува државни медиуми во силен финансиски сервис
- четврток, 12 јануари 2017 07:45
Пекинг, 12 јануари 2017 (МИА) – Кина има намера да обедини пет државни медиумски куќи и да направи „модерна медиумска група за финансиски вести“. Со тоа би се зајакнал гласот на државата во медиумското следење економски и финансиски информации, јави Синхуа.
Кинеската влада дала дозвола Синхуа да ги преземе медиумските компании Чајна Секјурити Џорнал, Шангај Секјурити Њуз, Економик Информејшн Дејли, Синхуа Паблишинг Груп, и да основа нова компанија под име – Чајна Форчен Медиа Корпорејшн Груп.
Потегот е со цел „продлабочување на реформите на централните власти во секторот култура“ и „јакнење на влијанието на мејнстрим медиумите во областа на финансиските информации“, се вели во соопштение на Синхуа.
Новата медиумска компанија ќе биде фокусирана на финансиски вести и ќе биде основана следната недела во Пекинг. зш/07:42
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 10:55 | Иран ја предупреди Северна Кореја да не склучува договори со Трамп
Стремежот на САД да го промени нуклеарниот договор со Иран испраќа многу опасна порака, а тоа е дека...
- 10:43 | Османи: Македонија доби позитивен извештај со чиста и безусловна препорака
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во своето неделно видео обраќање на социјалн...
- 10:19 | Министерот Адеми во посета на САД
Министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми од денеска до петок ќе престојува во официјална посе...
- 10:19 | „Затвор Шутка“ - подобро затвореник, отколку притвореник!
Затворската пренатрупаност, нехигиената и супстандарните услови, недоволната медицинска грижа, неефи...
- 10:18 | Хрватско МНР: Вулин засега не е добредојден во Хрватска
Хрватското Министерство за надворешни и европски работи соопшти дека српскиот министер за одбрана Ал...