Во истанбулското метро се трага по осомничениот за нападот во ноќниот клуб „Реина“
- среда, 11 јануари 2017 17:43
Истанбул, 11 јануари 2017 (МИА) - Во станица на метрото во Истанбул дошло до евакуација на патниците заради добиен сигнал од полицијата дека во неа е забележан осомничениот за нападот од новогодишната ноќ во ноќниот клуб „Реина“, пренесе ТАСС, повикувајќи се на весникот „Јени шафак“.
Според весникот, станува збор за станицата на метрото во истанбулскиот кварт Багџалар. Полицијата ја пребарува станицата.
Во новогодишната ноќ, 1 јануари, непознат напаѓач отвори оган во ноќниот клуб „Реина“ во истанблускиот кварт Ортакој, убивајќи 39 лица, вклучувајќи и 16 странци, а приближно 70 лица беа ранети.
Меѓу жртвите имаше државјани на Саудиска Арабија, Мароко, Јордан, Либан, Либија, Израел, како и една руска државјанка.
Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.
Весникот „ Дејли сабах“ на 7 јануари јави дека турската полиција го утврдила идентитетот на осомничениот. Според весникот, напаѓачот е Узбекот Абдулгадир Машарипов, познат исто така и како Абу Мухамед Хорасани. сд/ссм/17:43
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 08:32 | Тевдовски и Богов на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон
Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка Дим...
- 08:24 | Свазиленд го менува името
Кралот на Свазиленда Мсвати Трети изјави дека државата ќе го смени името и ќе се вика „еСватини“ што...
- 08:20 | Бугарски автобус што патувал кон Македонија изгорел кај ГП Ѓуешево- Деве Баир
Бугарски автобус, со 46 патници кои патувалке кон Македонија, синоќа целосно изгорел на патот меѓу Ќ...
- 08:02 | Симулација на сообраќајка пред Сити Мол
Црвен крст на град Скопје во соработка со МВР денеска напладне пред Сити мол ќе реализира симулациск...
- 07:50 | Шеснаесет земји со одлука за следење на корупцијата во Венецуела
Министрите за финансии од неколку латиноамерикански држави, како и од Европа и САД се договорија да ...