Источна Европа под снег
- среда, 11 јануари 2017 15:59
Скопје, 11 јануари 2017 (МИА) - Источна Европа и денеска е зафатена од снег и ниски температури, а властите го евакуираат заглавеното население, додека најзагрозени се бездомниците и мигрантите.
Невремето предизвика и прекин во снабдувањето со електрична енергија, а многумина ги откажаа патувањата.
Поради студениот бран досега во Европа починаа 66 лица, а во некои делови се забележани најниски температури во последните неколку децении.
Во Полска денеска се пријавени уште два смртни случаи.
Во исто време, грчката морнарица испрати брод на островот Лезбос со цел да обезбеди засолниште за околу 500 бегалци и мигранти, кои се сместени во шатори на исклучително ниски температури.
Северните и источните делови на Бугарија се парализирани од снегот, а 117 градови и села се без електрична енергија. Затворен е главниот автопат што ја поврзува Софија со пристаништето Бургас.
Во расчистувањето на патиштата и спасувањето на заглавените луѓе вклучена е бугарската армија.
Поради снегот блокирани се и патиштата во јужна Албанија, каде од студ починаа пет лица. Воени хеликоптери и службата за вонредни ситуации доставуваат помош до населението во планинските области, а воени и цивилни возила ги расчистуваат патиштата по најниски температури од 1985 година.
Студениот бран во Романија предизвика затворање на повеќе од 130 патишта, а голем број возови или се откажани или доцнат. ми/ссм/15:59
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 18:35 | ИД ја напушта последната позиција во реонот на Дамаск
Екстермистите од групата Исламска држава (ИД) се согласија да се повлечат од последната позиција во ...
- 18:30 | Русија и САД можно е да останат без директни летови
Русија и САД можно е да останат без директни летови поради проблемите на рускиот екипаж на Аерофлот ...
- 18:28 | Туск во Скопје на 27 април
Кабинетот на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, потврди дека тој ќе учествува на самитот...
- 18:28 | Трамп: ОПЕК е виновен за поскапувањето на нафтата
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја обвини Организацијата на земјите извознички на наф...
- 18:24 | Реафирмирана поддршката од Луксембург за евроатлантските интеграции на Македонија
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска беше во посета на Луксембург пр...