Трамп: Силна Европа е важна за САД
- петок, 21 април 2017 07:40
Вашингтон, 21 април 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно ја поздрави одлуката на Велика Британија да излезе од Европска унија, синоќа изјави дека сака ЕУ да остане силна.
- Силна Европа е многу, многу важна за мене како американски претседател, како и за САД. Ние го сакаме тоа и ќе и помогнеме на ЕУ да биде силна, а тоа е корисно за сите, посочи Трамп на прес-конференција во Белата куќа со италијанскиот премиер Паоло Џентолини.
Изјавата на Трамп е контрадикторна бидејќи во јануари тој порача дека и другите земји членки ќе ја напуштат ЕУ по примерот на Велика Британија.
Кон крајот на мај Трамп планира првпат да ја посети Европа, а предвидено е да учествува на самитот на НАТО во Брисел на 25 мај, а потоа на самитот на Г-7 на Таорима, сицилијански остров на 26 и 27 мај. ми/сп/07:39
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 22:15 | Тевдовски: Договараме проекти со СБ за поддршка и развој на македонската економија
На средбите на македонската делегација во тек на пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и...
- 21:41 | „Твитер“ забрани реклами на „Касперски“
Компанијата „Твитер“ денеска соопшти дека забранила објавување на реклами на рускиот производител на...
- 21:22 | Лавров: САД му наштетија на мировниот процес со нападите во Сирија
Со нападите што САД ги изведоа во Сирија во саботата заедно со Велика Британија и Франција, му нанес...
- 20:59 | Италијански мафијаши и поранешни функционери осудени на повеќегодишни затворски казни
Суд во италијанскиот град Палермо денеска на повеќегодишни затворски казни осуди неколкумина мафијаш...
- 20:34 | Ле Дријан: Русија го попречува пристапот на инспекторите на ОПЦВ до Дума
Русија го попречува пристапот на меѓународните инспектори за хемиско оружје до „местото на нападот с...