• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 април 2018, 

Русија ја зајакнува сириската воздушна одбрана по ракетниот напад на САД

Русија ја зајакнува сириската воздушна одбрана по ракетниот напад на САД

Москва, 7 април 2017 (МИА) - Русија ќе работи на зајакнување на сириската воздушна одбрана, по нападот со крстосувачки ракети од страна на американската армија врз воздухопловна база во Сирија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

- Русија ќе ја зајакне ефективноста на системите за противвоздушна одбрана со заштита на клучната инфраструктура во Сирија во блиска иднина, изјави портпаролот на Министерството, Игор Конашенков.

Минатата година Русија соопшти дека испраќа моќен систем за противвоздушна одбрана, С-300, во Сирија главно за заштита на руски воено морски објекти во сирискиот пристанишен град Тартус. гт/сп/12:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.