• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 април 2018, 

Јапонија: ЛДП бара од премиерот да ја зајакне ракетната одбрана

Јапонија: ЛДП бара од премиерот да ја зајакне ракетната одбрана

Токио, 30 март 2017 (МИА) - Владејачката партија во Јапонија денеска апелираше до Владата на премиерот Шинѕо Абе да го разгледа зајакнувањето на способноста да ги погоди непријателските бази и да ја зајакне ракетната одбрана, во време кога Северна Кореја им пркоси на санкцките на ОН за нуклеарен и ракетен развој. 

- Провокациите од Северна Кореја дојдоа на ниво на кое нашата земја не може да ги зенемари. Не можеме да си дозволиме да губиме време додека не ја зајкнеме нашата балистичка ракетна одбрана, соопшти Либералната демократска партија (ЛДП) на Јапонија, за предлогот на Абе. 

Се наведува дека апелот на партијата подразбира јапонската Влада што поскоро да почне да го разгледува зајакнувањето на можноста за погодување на непријателската ваза, со помош на крстачки ракети, со цел да се зголемат застрашувачките ефекти од сојузот на Јапонија и САД. 

- Ова не е предлог за превентивни напади, туку за противнапади со цел да се спречи друго лансирање (на ракета), нагласи претставникот на ЛДП и поранешен министер за одбрана на Јапонија Ицунори Онодера. 

ЛДП исто така ја повика јапонската Влада што поскоро да го разгледа воведувањето на напреден противракетен систем како што се „Егис Ашор“ и „ТХААД“ и да се забрза технолошкиот развој на за раководење со јапонските сателити за рани предупредувања. см/ссм/13:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.