• A-
  • A
  • A+
петок, 20 април 2018, 

Русија бара целосно нормализирање на односите со Јапонија

Русија бара целосно нормализирање на односите со Јапонија

Москва, 13 декември 2016 (МИА) - Русија бара целосно нормализирање на односите со Јапонија, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за јапонски медиуми, кое го даде пред посетата на оваа земја на 15 и 16 декември.

Путин нагласи дека недостигот на мировен договор меѓу Москва и Токио е анахронизам. 

- Западните санкции, воведени против Русија по анкетирањето на Крим се препрека за мировниот договор со Јапонија, предупреди тој. 

Путин нагласи дека Русија има волја да дискутира по прашањето за заеднички економски активности со Јапонија на Курилските Острови, за кои двете земји водат спор.

- Секоја таква активност сепак треба да биде извршувана под руски суверенитет, додаде тој.

Путин нагласи дека јапонскиот предлог за економска соработка во осум области придонел за атмосферата на претстојните разговори со Јапонија. ац/зш/11:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.