Објавен конкурсот за најуспешен земјоделец во општина Кочани

Објавен конкурсот за најуспешен земјоделец во општина Кочани

Кочани, 14 септември 2018 (МИА) - Општина Кочани објави јавен оглас за избор на најуспешен земјоделец - производител на ориз за 2018 година што во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз” ќе се одржи на крајот на септември.

Право да конкурираат за  наградата имаат сите производители на ориз, жители на општината, ако се со регистрирана земјоделска дејност.

Изборот на најуспешен земјоделец ќе го спроведе посебна општинска комисија преку бодување во зависност од исполнувањето на дадените критериуми, меѓу кои количина на произведена арпа од единица површина, примена на современи методи во одгледувањето и остварени приходи на земјоделецот за минатата година.

Наградата е парична и изнесува 60.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетската сметка на општина Кочани.

Изборот на најуспешниот земјоделски производител се организира деветти пат, а целта е да се стимулираат регистрираните земјоделци да го унапредуваат производството на ориз, како основна земјоделска култура на регионот. та/мч/15:08

 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...