• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Намалено производството на шумски производи во државните шуми

Намалено производството на шумски производи во државните шуми

Скопје, 10 август 2018 (МИА) - Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од годинава е намалено за 0,1 отсто во споредба со истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од иглолисни и листопадни видови и кај огревното дрво од иглолисни видови. 

Намалување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од листопадни видови, огревното дрво од листопадни видови и кај другото грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки и колци. вј/сд/12:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...