• A-
  • A
  • A+
петок, 17 август 2018, 

Голем интерес за собирање споредни шумски плодови во Кривопаланечко

Голем интерес за собирање споредни шумски плодови во Кривопаланечко

Крива Паланка, 10 август 2018 (МИА) – Вкупно 72 дозволи за собирање споредни шумски плодови биле издадени на физички лица од Општините Крива Паланка и Ранковце од страна на Јавно претпријатие „Македонски шуми“- Подрачно шумско стопанство „Осогово“, во тековната сезона.

- Собирањето на споредни шумски плодови: боровинки, дренки, шипки, чаеви, печурки, малини и капини на територијата на двете општини е традиција и овој крај е познат по чистата и незагадена природна средина каде се собираат и потоа плодовите се даваат на откуп, изјави Зонко Груевски, директор на ЈП „Македонски шуми“-ПШС „Осогово“, Крива Паланка.

Тој наведе дека, покрај 72-те дозволи издадени на физички лица, од страна на службите, биле информирани и постојните, вкупно шест, сопственици на приватни откупни центри за споредни шумски плодови, од кои со четири се склучени договори оваа сезона.

- Може и поголем број индивидуални собирачи на плодови да се стекнат со дозволи и да ги искористат ресурсите со кои располага ова поднебје, посочи Груевски. 

Ред и контрола на терен воспоставуваат шумочуварските служби и од шумското стопанство, како и шумската полиција. ид/см/ 11:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Девојката турната од мост бара казна за нејзината другарка (видео)

Девојка која падна од мост во американската сојузн...

„Ага" прогласен за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал

Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазаров...

Морето исфрли влакнесто суштество без очи

На рускиот источен брег, морето исфрли необично вл...

Се обиде да „погали“ крокодил, па за малку не остана без рака (видео)

Индиец се здоби со серизна повреда на раката откак...

Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот според „Форбс“

Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатен...