• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Усвоена предлог - програмата за капитални трансфери за центри за развој на плански региони во областа на земјоделството

Усвоена предлог - програмата за капитални трансфери за центри за развој на плански региони во областа на земјоделството

Скопје, 19 јуни 2018 (МИА) - Владата на Република Македонија на денешната 75.седница на предлог на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ја усвои предлог - програмата за капитални трансфери за центри за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој. 

Од владината прес-служба информираа дека со оваа програма ќе се реализираат активности за поддршка на плански региони со цел имплементација на проекти за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.

Средствата за реализација на програма, како што се наведува, се утврдени во Буџетот на Република Македонија за 2018-та година и изнесуваат 30 милиони денари. рп/вј/17:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ