• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

„Еко - патрола“ ќе го чисти Градскиот парк

„Еко - патрола“ ќе го чисти Градскиот парк

Скопје, 22 април 2018 (МИА) - Еколошката младинска организација „Гоу Грин“ и Меѓународниот балкански универзитет денеска во Градскиот парк ја организираат акцијата „Еко - патрола“ по повод Денот на планетата Земја.

Целта на акцијата е студентите од Меѓународниот балкански универзитет заедно со членовите на еколошката организија „Гоу Грин” да ги соберат отпадоците коишто се неправилно фрлени во Градскиот парк.

„Еко патролата” ќе има за цел и да ги едуцира и опомени граѓаните кои несовесно ги фрлаат отпадоците низ Градскиот парк и да ги мотивира да се приклучат кон акцијата.

Вкупно 60 млади луѓе ќе учествуваат во денешната акција. 

Акцијата е дел од глобалната мрежа за Денот на планетата Земја која што се одржува на 22 април насекаде во светот под мотото „Да ставиме крај на отпадот од пластика”. ац/бак/10:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.