Турски сезимолог: Расте ризикот од силен земјотрес во Истанбул

Турски сезимолог: Расте ризикот од силен земјотрес во Истанбул

Истанбул, 14 септември 2018 (МИА) - Зголемен е ризикот реонот на Истанбул да биде погоден од силен земјотрес со интензитет од 7,5 до 7,7 степени според Рихтеровата скала, кој би можел да предизвика цунами во Мраморното Море, предупреди сеизмологот од Центарот за природонаучни истражувања при истанбулскиот Универзитет „Јилдиз“, Шукри Ерсој.

- Мраморното Море има историјат на цунами. За 4000 години има сведочења за стотина случаи на цунами, а научниците откриваат докази за тоа при ископувањара, изјави Ерсој во обраќање на церемонијата по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погодил реонот на Истанбул на 14 септември 1509 година и предизвикал цунами во Мраморното Море.

Според Ерсој, при евентуален силен земјотрес во регионот на Истанбул, цунамито што би се создало во Мраморното Море би ги погодило бреговите за околу пет минути.

- Според група наулници во следните 30 години постои 65 проценти веројатност дека (во реонот на Мраморното Море) ќе има земјотрес со јачина од над 7 степени. Ризкот од земјотрес расте. Тој може да се случли утре, а може и по 11 години, истакна Ерсој. сп/13:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...