• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Шеикот на Катар му подари скапоцен приватен авион на Ердоган

Шеикот на Катар му подари скапоцен приватен авион на Ердоган

Истанбул, 14 септември 2018 (МИА) - Шеикот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани му подари авион „Боинг 747-8“ на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Се работи за еден од најскапите приватни авиони во светот, чија вредност се проценува на 367 милиони долари.

Леталото денеска беше испорачано на аеродром во Истанбул. Боингот може да пренесе 76 патници и 18 членови на екипажот, а содржи и професионални сали за состаноци, како и мала болница.

До неодамна авионот се користел за превоз на членови на кралското семејство на Катар.

Анкара и Дпха негуваат исклучително блиски партнерски односи и заеднички настапуваат во политичките превирања на Блискиот Исток, а Катар и помогна на Турција и при неодамнешната монетарна криза. цч/сп/13:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.