• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

„Њузвик“: Поранешни соработници на Трамп ангажирани како лобисти на Додик

„Њузвик“: Поранешни соработници на Трамп ангажирани како лобисти на Додик

Њујорк, 10 август 2018 (МИА) - Поранешните соработници на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп, Џејсон Осборн и Мајк Рубино се ангажирани  како лобисти за политичка партија во БиХ, која фаворизира сепаратизам и соработува со Русија, тврди магазинот „Њузвик“ повикувајќи се на документи на владата на САД.

Озборн и Рубино, блиски пријатели и деловни партнери на поранешниот менаџер на кампањата на Трамп, Кори Левандовски, сега ја помагаат партијата на Милорад Додик, претседател на Република Српска, тврди тој магазин.

„Њузвик“ потсетува дека американското министерство за финансии       го санкционира Додик минатата година за  одржување референдум за прослава на Ден на РС.

Официјални лица во Вашингтон тогаш утврдиле дека референдумот ги попречува напорите за имплементација на Дејтонскиот договор од 1995 година, со кој беше ставен крај на војната во БиХ, бидејќи ги дискриминира оние кои не се Срби. ир/зш/11:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...