• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 јули 2018, 

Ѓукановиќ: Црна Гора ќе издвои повеќе за одбраната, а ќе учествува и во мисии во Ирак и во Летонија

Ѓукановиќ: Црна Гора ќе издвои повеќе за одбраната, а ќе учествува и во мисии во Ирак и во Летонија

Брисел, 11 јули 2018 (МИА) - До 2024 година Црна Гора ќе издвои два отсто од бруто домашниот производ за одбрана, изјави денеска црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на Самитот на НАТО во Брисел и најави нови мисии во Ирак и во Летонија.

- Прецизно дефиниран план е Црна Гора до 2024 година да издвои два проценти од БДП за одбрана, а во рамките на тоа и некоја година порано ќе одвои 20 отсто за модернизација на војската, истакна Ѓукановиќ.

Тој истакна дека на Самитот се донесено важни одлуки за зајакнување на политиката на одбрана и превенција, борбата против тероризмот и најави воспоставување на тренинг мисија во Ирак.

- Црна Гора ќе учествува и во силите на Алијансата во Летонија, заедно со Словенија, под команда на Канада, истакна Ѓукановиќ. ми/19:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.