• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Косово акредитира амбасадор во Гвинеа Бисао

Косово акредитира амбасадор во Гвинеа Бисао

Приштина, 19 јуни 2018 (МИА) – Косово акредитира амбасадор во Гвинеја Бисао во рамки на неговата кампања низ африканскиот континент, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Рамадан Гаши е дипломатот кој денеска ги предаде на претседателот на Гвинеја Бисао, Хозе Мариа Ваз акредитивните писма како вонреден и ополномошен амбасадор на Косово во оваа земја, соопшти косовското Министерство за надворешни работи, поткрепувајќи ја информацијата со фотографии од церемонијата во резиденцијата на Ваз.

- На церемонијата на предавањето на акредитивните писма, амбасадорот на Република Косово во Сенегал, придружуван од директорот во Министерството за надворешни работи Љулзим Мјеку, ги предаде акредитивните писма, како вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Косово во Република Гвинеја Бисао, со резиденција во Дакар (Сенегал), се вели во соопштението на косовското МНР.

Во него се нагласува и дека претседателот Ваз и амбасадорот Гаши се заложиле за продлабочување на сорбатоката на полињата од заеднички интерес, како и дека настанот бил покриен од медиумите во африканската држава. иа/зш/18:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ