• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Русија: Изјавите на Рама и Тачи ги креваат тензиите на Балканот

Русија: Изјавите на Рама и Тачи ги креваат тензиите на Балканот

Москва, 21 април 2017 (МИА) - По повод изјавите на албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи за обединување на делови од Србија со Косово,  руското Министерство за надворешни работи денеска оцени дека „зад лицемерните разговори за стабилизација во регионот под чадорот на НАТО всушност се поткопуваат темелите на стабилноста“.

„Покрај прикриените и неосновани обвинувања на сметка на Русија за обиди за дестабилизација на ситуацијата во Југоисточна Европа, се преземаат мерки во стварност да се преточи големоалбанскиот проект, овој пат со потпирање врз Уставот на Албанија, што на Тирана и дава за право да ги штити интересите на сите Албанци надвор од Албанија“, соопшти рускиот МНР, а пренесува ТАСС.

Овој курс на прекројување на границите на Балканот драматично го поткрева нивото на потенцијал за судир, го пренесе руската агенција соопштението на руското МНР

„Токму во ова светло ги толкуваме изјавите на Рама и Тачи“, порачуваат од руското Министерство за надворешни работи. сд/ссм/17:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Постер со Елвис Присли продаден за 42.500 долари

Редок постер со Елвис Присли од 1955 година, беше ...

Шанаја Твејн се извини за своја изјава дека би гласала за Трамп

Канадската кантри и поп пејачка Шанаја Твејн се из...

Мебел од парискиот хотел „Риц“ продаден за рекордни 7,3 милиони евра

Луксузен мебел од легендарниот париски хотел „Риц“...

Бакир Изетбеговиќ заврши во видео игра

Непознати автори направија видео игра насловена „Е...

Почина актерот Верн Тројер

Актерот Верн Тројер, кој стана најпознат по улогат...