• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Три лица уапсени во Истанбул за нападот врз панаѓурот во Берлин

Три лица уапсени во Истанбул за нападот врз панаѓурот во Берлин

Истанбул, 20 март 2017 (МИА) - Три лица поврзани со нападот врз божиќниот панаѓур во Берлин на крајот на минатата година, се уапсени на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, јави турската приватна телевизија Еи-Ен-Ен Турк.

Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека тројца уапсени биле во контакт со напаѓачот од Берлин. 

Тројцата уапсени на аерордомот „Ататурк“ се идентификувани како Мохамед Али Кан, Јусеф Даруиче и Билал Јусеф Махмуд.

Одговорноста за нападот на 19 декември на божиќниот панаѓур во Берлин, во кој загинаа 12 лица, а десетици беа ранети, ја презеде групацијата Исламска држава.

Извршителот на нападот, Тунижанецот Анис Амри беше убиен во престрелка со италијанската полиција крај автобуска станица во предградие на Милано на 23 декември. ац/сп/13:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Шанаја Твејн се извини за своја изјава дека би гласала за Трамп

Канадската кантри и поп пејачка Шанаја Твејн се из...

Мебел од парискиот хотел „Риц“ продаден за рекордни 7,3 милиони евра

Луксузен мебел од легендарниот париски хотел „Риц“...

Бакир Изетбеговиќ заврши во видео игра

Непознати автори направија видео игра насловена „Е...

Почина актерот Верн Тројер

Актерот Верн Тројер, кој стана најпознат по улогат...

Почина најстариот човек во светот - Јапонката Наби Таџима

Најстариот жител на планетата, Јапонката Наби Таџи...