• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Си-Ен-Ен Турк: Можни се тензии во односите Софија-Анкара

Си-Ен-Ен Турк: Можни се тензии во односите Софија-Анкара

Анкара, 20 март 2017 (МИА) - Бугарските власти минатата недела од земјата го протерале генералниот секретар на градската урава на Едрене, Ибрахим Таранџ, објави денеска турската телевизија Си-Ен-Ен Турк, нагласувајќи дека ваквата одлука би можела „да ја налути Турција“. 

Телевизијата наведува дека Таранџ и уште двајца други турски државјани биле протерани од Бугарија и дека им е воведена забрана за влез во земјата.

Си-Ен-Ен Турк пренесува ијзава на бугарскиот јавен обвинител Сотир Цацаров, кој тврди дека случајот со тројцата Турци не е поврзан со некаква предизборна активност или политички собир, туку дека станува збор за прашање поврзано со „националната безбедност на Бугарија“.

Засега нема официјална реакција на турските власти на одлуката за протерување на тројцата Турци од Бугарија. сп/10:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...

Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет

Научниците со помош на современа технологија и мет...

Кејт Аптон во нова кампања за костими за капење

Кејт Аптон е ангажирана во новата рекламна кампања...