• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

ЕУ ќе издвои една милијарда евра за инфраструктурата на Западен Балкан

ЕУ ќе издвои една милијарда евра за инфраструктурата на Западен Балкан

Приштина, 25 март 2015 (МИА) - Комесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Приштина најави дека Европската унија ќе оддели една милијарда евра за унапредување на инфраструктурата во земјите од Западен Балкан.

- Проектите во инфраструктурата, транспортот и енергетиката се клучни за економскиот развој, привлекување на нови инвестиции и отворање на нови работни места, посочи Хан.

Тој на денешната неформална конференција на министрите од земјите од регионот изјави дека во 2015 година ќе бидат достапни сто милиони од ИПА фондовите, како грант инвестиција.

- На 21 април во Брисел ќе присуствуваат премиерите од земјите од регионот за да добиеме согласност од нив, посочи Хан, додавајќи оти во август во Виена официјално ќе бидат претставени приоритетните проекти за инфраструктурниот развој на Западен Балкан и унапредување на транспортот.

Хан додаде и дека „европските фондови се ограничени и секое евро паметно да се троши“. ми/зш/12:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Париз го продолжува проектот за речни такси возила

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена...

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Сти...

Шакира изненади со флексибилноста

Партнерката на фудбалерот на Барселона Жерард Пике...

Хари и Меган го одложија медениот месец поради роденденот на принцот Чарлс

Британскиот принц Хари и принцезата Меган го одлож...

Францускиот режисер Лик Бесон обвинет за силување

Познатиот француски режисер Лик Бесон (59) е обвин...