УЕФА ги објави номинациите за гол на сезоната (видео)

УЕФА ги објави номинациите за гол на сезоната (видео)

Нион, 14 август 2018 (МИА) - Од УЕФА денеска ги објавија 11-те номинации за најдобар гол за претходните 12 месеци во турнирите, под покровителство на евроцентралата. Од секој од нив има по еден номиниран предлог. 
 
За Лигата на шампионите тоа се ножичките на Кристијано Роналдо во дресот на Реал Мадрид против Јувентус. За Лига Европа тоа е голот на Димитриј Паје за Олимпик Марсеј против РБ Лајпциг, а за европските квалификации за СП 2018 беше номиниран Данецот Кристијан Ериксен за неговиот гол против Ирска. Останатите предлози се од турнири по футсал, женски фудбал и младински првенства.
 
Во 2015 година и 2016 година Лионел Меси ја зеде наградата, а минатата година таа отиде кај Марио Манџукиќ од Јувентус за голот во финалето на Лигата на Шампионите против Реал Мадрид. 
 
Навивачите го избираат победникот, а крајниот рок е 27-ми август, кога ќе биде објавен и најдобриот гол. вз/18:42

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...