• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Спалети потпиша нов договор со Интер

Спалети потпиша нов договор со Интер

Милано, 14 август 2018 (МИА) - Италијанскиот гигант Интер потпиша нов договор со тренерот Лучано Спалети, откако стратегот ќе остане на „Џузепе Меаца“ до јуни 2021 година, објави официјалната веб-страница на „нероазурите“. 
 
Минатото лето, поранешниот ментор на Рома и Зенит потпиша двегодишен договор со клубот од Милано, и не беше докрај јасно дали сака долгорочно да се поврзе со „црно-сините“. Меѓутоа, денес беше ставен крај на шпекулациите.
 
Во својата прва сезона на чело на Интер, 59-годишниот Спалети го одведе тимот до четвртото место во Серија „А“ по победата од 3:2 во Рим против Лацио во последниот круг, а со тоа и настап во Лигата на шампионите претстојната сезона.вз/18:41

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ