Фернандо Алонсо става крај на кариерата во Формула 1

Фернандо Алонсо става крај на кариерата во Формула 1

Вокинг, 14 август 2018 (МИА) - Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо се повлекува од Формула 1. Шпанецот објави емотивно видео за збогум на својот Твитер профил, а истовремено со тоа Мекларен официјално ја потврдија веста. 
 
„Мекларен Рејсинг ги потврдува денес информациите дека двократниот светски шампион Фернандо Алонсо нема да се натпреварува во Формула 1 во 2019. Фернандо, кој наполни 37 во јули, се натпреварува во својата 17-та сезона, петта со Мекларен, и освоил 32 победи, 22 пол-позиции и 97 подиуми до денес. Покрај неговите две светски титули, во 2005 тој стана најмладиот светски шампион во историјата на Ф1, а три пати заврши како вице-шампион“, велат од неговиот тим.
 
Шефот на Мекларен, Зак Браун, изјави дека Фернандо не е само амбасадор на Мекларен, но и на Ф1.
 
- Неговите 17 години во спортот, како еден од најистакнатите од неговата генерација и без сомнение еден од најголемите во Ф1, додадоа нов слој во богата историја на Формула 1. За секој настапува време да направи промена и Фернандо одлучи неговата да настапи по крајот на сезоната. Ние ја почитуваме неговата одлука, иако тој се наоѓа во најдобрата форма за целата кариера. Отворениот дијалог со Фернандо ни овозможи да се подготвиме за таква опција, вели Браун.
 
Тој додаде дека Алонсо ќе продолжи да се натпреварува на максимално високо ниво и во преостанатите девет старта до крајот на сезоната.вз/18:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...