• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Четворица фудбалери на Барселона бараат нови тимови

Четворица фудбалери на Барселона бараат нови тимови

Барселона, 14 август 2018 (МИА) - Четири играчи на Барселона се уште треба да си најдат нови тимови за време на летниот трансфер.
 
Каталонците се разделија со девет играчи, за кои собраа преку 120 милиони евра, но тимот се уште не е оптимизиран.

Се очекува дефанзивецот Марлон и напаѓачот Пако Алкасер да заминат, а Мунир и Рафиња се уште можат да останат, ако нема доволно добри предлози.
 
Има голема неизвесност за голманот Јаспер Силесен, но неговата цена изнесува околу 30 милиони евра и досега никој не сака да ги плати, иако има барања за играчот.
 
Тренерот на Барселона, Ернесто Валерде откри дека имал разговори со  Силесен за неговата иднина во клубот и силно се надева дека Холанѓанецот ќе остане на „Ноу Камп“.
 
Неговиот договор со тимот е до 2021 година, но во последно време има шпекулации дека тој може да ја смени клупската припадност, бидејќи сака да игра почесто, а во моментот тоа не е можно во тимот на каталонците.
 
- Точно е дека разговарав со Јаспер, но не можам да кажам точно што си рековме јавно. Овие нешта остануваат меѓу нас, во кујната на тимот, објави Валверде, цитиран од медиумите во татковината Шпанија.
 
Тој додаде дека тимот има потреба од двајца квалитетни голмани и во моментов ги има, а Силесен е еден од нив. 
 
- Силно се надевам дека тој ќе остане кај нас и да биде дел од овој клуб и за во иднина. Сметаме многу на него и го цениме исклучително многу, како што постојано сум кажувал, додаде тренерот на шпанскиот шампион.вз/17:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ