• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Каковски потпиша нов тригодишен договор за Еурофарм Работник

Каковски потпиша нов тригодишен договор за Еурофарм Работник

Битола, 14 август 2018 (МИА) - Кадетскиот репрезентативец на Македонија и еден од најперспективните ракометари на Еурофарм Работник, Бобан Каковски ќе остане во клубот до 2021 година.

- Каковски потпиша нов тригодишен договор и ќе продолжи да се развива во битолскиот суперлигаш. Обострано беше задоволството за продолжувањето на соработката, а со овој потег клубот покажа дека верува во талентираните млади ракометари, соопшти Еурофарм.

Претходно Еурофарм Работник доведе четири нови ракометари, тренерот Ѓорѓе Чирковиќ и ги продолжи договорите со некои од клучните ракометари.

Првиот официјален натпревар во подготвителниот период, Еурофарм Работник ќе го одигра в среда во рамките на Струшкиот турнир и ќе се сретне со словенечкиот Целје. зс/14:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ