• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Сусо останува во Милан

Сусо останува во Милан

Милано, 14 август 2018 (МИА) - Еден од најдобрите фудбалери на Милан, Шпанецот Сусо, и покрај интересот на Рома, нема намера да го напушти „Сан Сиро“ и е подготвен да потпише нов договор со „росонерите“ објави „Газета дело Спорт“.

- Ние не добивме никаква понуда за Сусо, па ни од Рома. Разговорите беа информативни, бидејќи ние никогаш не сакавме да го пуштиме, рече спортскиот директор Милан Леонардо.

24-годишнито Сусо кариерата ја почна во Кадиз, а потоа играше за Ливерпул, Алмерија и Џенова.

Минатата сезона дебитираше за шпанската репрезентација и се очекува во иднина да добива повеќе минутажа, бидејќи од националниот тим се повлекоа Андрес Иниеста и Давид Силва. зс/12:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.