• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Серија „А“ потроши повеќе од една милијарда евра за трансфери

Серија „А“ потроши повеќе од една милијарда евра за трансфери

Рим, 10 август 2018 (МИА) - Клубовите од Серија „А“ веќе инвестираа повеќе од една милијарда евра во привлекувањето нови играчи. До крајот на трансфер пазарот во Италија има само една недела. Тимовите ќе можат да склучуваат договори до 17 август.
 
Јувентус е тимот кој потрошил најмногу пари за привлекување нови фудбалери. „Бјанконерите“ инвестираа до сега 256,9 милиони евра. Италијанскиот шампион исто така е тим со најголеми трошоци за трансфери во цела Европа ова лето.
 
Кристијано Роналдо чини 117 милиони евра. „Бјанконерите“ извадија уште 40,4 милиони евра за Жоао Кансело од Валенсија, 40 милиони евра за Даглас Коста од Баерн, а исто така и 35 милиони евра за Леонардо Бонучи.
 
Единствениот трансфер во италијанските топ 5, кој не игра за Јувентус, е на Интер. „Неразурите“ дадоа 38 милиони евра за Раџа Наинголан.
 
Рома исто така се многу активни на пазарот на трансфери, но добро избалансирани. „Волците“ привлекоа 11 нови засилувања до овој момент, а спортскиот директор Мончи не сопира и бара уште барем двајца нови играчи.
 
Рома до овој момент потроши 110 милиони евра, а Наполи инвестира 84 милиони евра во привлекувањето на нови засилувања. вз/12:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...