• A-
  • A
  • A+
петок, 17 август 2018, 

ЛЕ: Хулигани со шише во глава го погодија судијата на мечот Штурм - АЕК

ЛЕ: Хулигани со шише во глава го погодија судијата на мечот Штурм - АЕК

Грац, 10 август 2018 (МИА) - На ужасни сцени бевме сведоци вчера во Австрија, каде Штурм беше домаќин на кипарски АЕК од Ларнака во третото квалификациско коло од Лигата на Европа.
 
Кипраните водеа со 2:0 со головите на Трилос во 46-тата и нашиот Тричковски во 74-тата, кога хулиган фрли шише на теренот, кое заврши во глава на помошник судијата Фредрик Клајвер. Тој остана да лежи во локва крв, а играта беше прекината 40 минути пред да продолжи и заврши 0:2.
 
Штурм се огласи многу брзо по натпреварот.
 
- Однесувањето на навивачите на денешниот натпревар во никој случај не е прифатливо. Тоа ја оштетува репутацијата на целиот фудбал и на нас како клуб. Ние секогаш се обидуваме да го славиме фудбалот, а фер плејот е наш приоритет. Жал ни е што ги разочаравме навивачите на фудбалот денеска. Лицето кое го погоди судијата е пронајдено и ќе биде санкционирано од страна на надлежните органи, се вели во соопштението. вз/09:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Девојката турната од мост бара казна за нејзината другарка (видео)

Девојка која падна од мост во американската сојузн...

„Ага" прогласен за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал

Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазаров...

Морето исфрли влакнесто суштество без очи

На рускиот источен брег, морето исфрли необично вл...

Се обиде да „погали“ крокодил, па за малку не остана без рака (видео)

Индиец се здоби со серизна повреда на раката откак...

Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот според „Форбс“

Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатен...