• A-
  • A
  • A+
петок, 17 август 2018, 

Парма ја стартува сезоната без одземени бодови, намалена казната на Калајо

Парма ја стартува сезоната без одземени бодови, намалена казната на Калајо

Рим, 10 август 2018 (МИА) - Апелациската комисија на Италијанската фудбалска федерација ја поништи казната на повратникот во елитата Парма за одземање 5 поени за новата сезона. 
 
Санкцијата на напаѓачот Емануеле Калајо од две години забрана беше сведена на четири месеци. Тој, исто така, ќе мора да плати казна од 30.000 евра.
 
По враќањето во Серија „А“ тимот беше обвинет за обид за местење на натпреварот од последното коло на минатата сезона во Серија „Б“ против Специја. На Парма и беше потребен успех за да обезбеди директна промоција и победи со 2:0 при гостувањето. 
 
Обвинителството го истражуваше натпреварот поради СМС-и во телефонот на 36-годишниот напаѓач на тимот, Емануеле Калајо. Со пораки, тој ги повикува играчите на Специја да не даваат се од себе на теренот. 
 
Калајо призна за пораките, но ги дефинираше како шега. вз/09:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Девојката турната од мост бара казна за нејзината другарка (видео)

Девојка која падна од мост во американската сојузн...

„Ага" прогласен за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал

Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазаров...

Морето исфрли влакнесто суштество без очи

На рускиот источен брег, морето исфрли необично вл...

Се обиде да „погали“ крокодил, па за малку не остана без рака (видео)

Индиец се здоби со серизна повреда на раката откак...

Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот според „Форбс“

Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатен...