• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Севиља и Милан се договорија за Андре Силва

Севиља и Милан се договорија за Андре Силва

Милано, 10 август 2018 (МИА) - Раководствата на Севиља и Милан постигнаа договор за трансферот на напаѓачот Андре Силва, соопштува „Марка“.
 
Според информациите, 22-годишниот фудбалер ќе игра под наем на „Рамон Санчез Писхуан“.
 
Севиља ќе има можност да ги откупи целосно правата на португалскиот репрезентативец следното лето за сума од 38 милиони евра.
 
Минатата сезона, Андре Силва постигна 10 гола во 40 натпревари за Милан, но само два од погодоците беа означени во дуелите од Серија А. Португалскиот напаѓач исто така има и 10 асистенции на својата сметка.
 
Минатото лето Милан плати 38 милиони евра на Порто за Силва, но цената на португалскиот напаѓач сериозно се намали во последните месеци. вз/09:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...