• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Ребиќ може да го следи Ковач во Баерн, Ајнтрахт бара 50 милиони евра

Ребиќ може да го следи Ковач во Баерн, Ајнтрахт бара 50 милиони евра

Минхен, 11 јули 2018 (МИА) - Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ сака да продолжи да работи под раководство на Нико Ковач, откако минатата сезона беше избран за најдобар играч на освојувачот на Купот на Германија - Ајнтрахт Франкфурт. 
 
Дваесет и четиригодишниот напаѓач дури постигна гол против баварците при успехот со 3:1 во финалето на Купот на земјата, но би сакал да ја продолжи кариерата кај нив, следејќи го поранешниот хрватски слектор, кој го замени Јуп Хајнкес на тренерската позиција.
 
Според „Билд“, Хрватот преферира да остане во Бундеслигата, иако интерес за него пројавуваат англиските гиганти Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем, како и италијанскиот Наполи.
 
Ајнтрахт сака 50 милиони евра за трансфер на Ребиќ и тоа би можело да се покаже како единствената пречка, бидејќи тимот од „Алијанц арена“ не се согласува да троши толку големи суми. 
 
Нивниот рекорд е 41,5 милиони евра за францускиот играч од средниот ред Корентен Толисо минатото лето од Лион. вз/ми/20:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...