• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Енрике: Не можам да се менувам на 48 години, ги третирам сите како што заслужуваат

Енрике: Не можам да се менувам на 48 години, ги третирам сите како што заслужуваат

Мадрид, 11 јули 2018 (МИА) - Новиот селектор на шпанскиот национален тим, Луис Енрике изјави дека ја посакувал позицијата и оти почнува со голема мотивација и желба. 
 
Поранешниот тренер на Барселона ја наследува легендата на Реал Мадрид, Фернандо Јеро, кој го замени новиот тренер на „кралскиот“ клуб - Хулен Лопетеги пред стартот на Мундијалот 2018 во Русија.
 
- Не знам дали станува збор за остварување на сонот, но сакав да бидам селектор. Имав можност да бидам репрезентативец на земјата - страдав и уживав во дресот на Шпанија. Сега сакам да го сторам тоа како тренер. Многу сум задоволен, многу сум мотивиран и почнувам со голема желба, изјави Енрике, кој ќе биде претставен од Шпанската фудбалска федерација следната недела.
 
Тој додаде дека не планира да го менува својот карактер и дека е задоволен со она што го направил досега во својата кариера.
 
- Не можам да се сменам. Јас ги третирам сите како што заслужуваат. Имам 48 години и тешко е да се променам. Ако можам да променам нешто, ќе се обидам, но јас сум задоволен од она што сум го направил досега, во текот на целата моја кариера и нема да се менувам. Знам што значи да се биде селектор на Шпанија. Свесен сум дека критиките се нешто што ја придружува мојата работа, додаде тренерот за неговиот однос со медиумите. вз/ми/20:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...