• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 јули 2018, 

Квалификации ЛЕ: Работнички го победи Хонвед во Скопје

Квалификации ЛЕ: Работнички го победи Хонвед во Скопје

Скопје, 11 јули 2018 (МИА) - Екипата на Работнички го совлада унгарски Хонвед 2:1 (1:1) на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје во квалификациите за Лигата на Европа.
 
Работнички поведе преку Петар Петковски, кој беше прецизен во 34-тата минута.
 
Гостите израмнија непосредно пред одморот, кога во 45-тата минута, Наѓ постигна гол од речиси триесетина метри.
 
„Романтичарите“ ја вратија предноста во 60-тата минута, кога погоди Николче Шаркоски, со што го постави и конечниот резултат.
 
Во финишот добра шанса пропушти Филип Петковски за поголемо водство пред реваншот во Будимпешта, кој е закажан за 17 јули од 18.00 часот. вз/вг/19:51

###

 
ФОТО: ФК Работнички

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ