• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Лос Анџелес, 14 август 2018 (МИА) - Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во американската сојузна држава Конектикат, се обвинети дека за пет години, од 2012 до 2017 година, украле речиси половина милион долари од установите во кои работеле.

Според полициските извештаи, Џоан Паскарели (61) и Мери Вилсон (67) самите им се предале надлежните, откако бил издаден налог за нивно апсење. Тие се обвинети дека украле вкупно 478.588 долари во двете средни училишта во кои биле вработени. 

Надлежните во училиштата не го коментираат случајот, а адвокатот на Вилсон изјави дека жените не се чувствуваат виновни.

Сестрите се пуштени од притвор со кауција од по 50.000 долари, а судењето почнува кон крајот на август. си/сп/09:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ