• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Во Александрија пронајден мистериозен саркофаг од црн гранит

Во Александрија пронајден мистериозен саркофаг од црн гранит

Александрија, 20 јули 2018 (МИА) – Во Александрија при градежни гработи беше пронајден масивен саркофаг од црн гранит кој бил затворен повеќе од две илјади години.

Во египетската јавност веднаш се раширија гласини дека во него се наоѓаат посмртните останки на Александар Велики или пак дека станува збор за сракофаг со проклетството на фараоните, кое ќе се ослободи доколку тој биде отворен.

Меѓутоа, египетските власти им наложија на археолозите да го отворат саркофагот, а наместо тоа во него беа пронајдени коски од три скелети и темнокафеава течност со многу непријатен мирис.   

Саркофагот е отворан во две етапи, прво капакот е подигнат само пет сантиметри и поради непријатниот и остар мирис е оставен да се проветри, а потоа е целосно отворен.

- Пронајдовме коски од тројца луѓе и најверојатно станува збор за семејна гробница. За жал мумиите во саркофагот не се во најдобра состојба, истакна генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети на Египет, Мустафа Вазири.

Во однос на стравовите за фараонското проклетство Вазири се пошегува и наведе  дека „саркофагот е отворен, а светот не престанал да постои“.дб/17:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...