• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Потписите ги откриваат тајните на Меган Маркл, Трамп, Закерберг...

Потписите ги откриваат тајните на Меган Маркл, Трамп, Закерберг...

Лос Анџелес, 20 јули 2018 (МИА) - Графолозите тврдат дека нашиот ракопис открива многу за нас и говори за нашиот нарав, навики и карактер. Поттикнати од автограмот што војвотката од Сасекс, Меган Маркл, го даде на еден свој обожавател, „Дејли Меил“ објави анализа на потписите на неколку светски познати личности.

Непишано правило е членовите на британското кралско семејство да не даваат автограми, за тие потоа да не станат предмет на продажба, или пак да бидат фалсификувани. Обично исклучоците од тоа правило се случуваат несакајќи и од невнимание, но тоа отвори можност за анализа на најновата членка на кралското семејство.

Според експертите за ракопис, Меган Меган е романтична, страствена и посветена жена која и во деновите кога не е во најдобро расположение, знае да  го прикрие тоа со својата позитивност.

Пејачката Адел пак, според нејзиниот потпис, исто така е позитивна, емотивна личност која сонува за совршената љубов. Таа цели високо, но постојано е приземна.

Основачот на Фејсбук Марк Закерберг е оригинален креативец, но честопати во потфатите му треба поддршка и поттик од блиските.

Британската премиерка Тереза Меј е полна со гордост и достоинство, но понекогаш сака и да се истакне како центар на вниманието. Слично е и со Борис Џонсон, кој сепак е оквалификуван и како одговорен политичар.

Американскиот претседател Доналд Трамп пак, според потписот, е „алфа мажјак“, свесен за својата моќ, како и нарцисоиден, сметаат британските графолози. си/цч/11:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...