• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Виена забранува „смрдлива храна“ во метро

Виена забранува „смрдлива храна“ во метро

Виена, 20 јули 2018 (МИА) - Виенските градски власти најавија воведување забрана за тн. „смрдлива храна“ во композициите на подземната желеница во главниот град на Австрија.

Под „смрдлива храна“ се подразбира - брзата храна, хамбургери, пица, но и сендвичи со салама, колбас со сирење и лук и други производи со поинтензивен мирис.

- Тргнуваме со кампањава пред се поради самите патници и нивниот комфор, па затоа ќе се потрудиме луѓето навреме да бидат информирани, изјави градската советничка Ули Сима.

Таа истакнува дека за ова се дискутира веќе со години, но со досегашните повици ништо не е постигнато.

- Така, единственото решение е забраната, заклучи таа. си/паг/13:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...