• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Комичарот Ноа и францускиот амбасадор во САД спорат дали „Африка го освои првенството“

Комичарот Ноа и францускиот амбасадор во САД спорат дали „Африка го освои првенството“

Кејптаун, 20 јули 2018 (МИА) - Францускиот амбасадор во САД Жерар Аро го критикуваше водителот на комичното „Дејли Шоу“ Тревор Ноа, за неговата шега дека „Африка го освоила светското фудбалско првенство“, но Ноа не попушта од своите ставови.

Комичарот Ноа, кој инаку е Јужноафриканец по потекло, се шегуваше за африканското потекло на мнозинството француски фудбалски репрезентативци, но тоа го навреди амбасадорот Аро.

- Ти се школувани во Франција, научија да играат фудбал во оваа земја и се горди француски државјани, истакна Аро.

Ноа одговори дека го разбира коментарот и чувствата на амбасадорот, како и на сите Французи, но истакнува дека во неговата шега нема двосмисленост.

- Кога велам дека тие се Африканци, тоа не значи дека ја исклучувам нивната „француштина“ (не велам оти не се Французи), туку ги користам за да ја истакнам мојата „африканштина“, рече Ноа.

франција имигранти

Тој ги искористи и социјалните мрежи да го аргументира својот став. На Инстаграм, Ноа објави карикатура на која се гледа како група мигранти во бродче и го носат фудбалскиот пехар на Франција. На Твитер, пак, Ноа преобјави снимка во која повеќе француски репрезентативци пеат африканска песна. си/цч/13:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...