• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Рускиот царски крстосувач „Дмитриј Донски“ пронајден со товар злато вреден над 110 милијарди евра

Рускиот царски крстосувач „Дмитриј Донски“ пронајден со товар злато вреден над 110 милијарди евра

Сеул, 20 јули 2018 (МИА) - Руски воен крстосувач што потонал пред 113 години додека носел злато кое денес вреди околу 110 милијарди евра е пронајден во корејското приморје.

Царскиот крстосувач „Дмитриј Донски“ е пронајден во водите околу јужнокорејкиот остров Улеунгдо. Истражувачката мисија составена од стручни лица од Јужна Кореја, Велика Британија и Канада потврдија дека станува збор за „Дмитриј Донски“, и објавија слики од пронајдените бродски остатоци.

руски брод (јутуб)

„Дмитриј Донски“ бил изграден во 1883 година, како крстосувач задолжен за ловење непријателски трговски бродови. Со отпочнувањето на Руско-јапонската војна, во 1904 година, крстосувачот бил вклучен во Втората руска царска флота. Флотата била пресретната од јапонската воена морнарица во мај 1905 година, и уништена при познатата битка кај Цушима, во која Русија загуби 11 воени бродови, четири крстосувачи и низа други, помали бродови.

„Дмитриј Донски“ успешно се носел со шест јапонски крстосувачи, но бил потопен од страна на неговиот екипаж по катастрофата на остатокот на руската флота. Во битката загинале 60-мина од 591-члениот руски екипаж. си/цч/09:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...